2win800x200

"Природата во срцето на Битола: Откривање на мурал во чест на Нешат Аземовски"

Јули 03, 2024

 

Утре во  ООУ „Даме Груев“ Битола (малото училиште) ќе биде откриен мурал од цртежи од покојниот Нешат Аземовски, битолчанец кој долги години успешно работеше во невладиниот сектор во Битола. 

 

Од семејството Аземовски објавија

-Иако Нешат Аземовски веќе неколку години не е со нас, тој велеше дека постои друг универзум, друг свет – веруваме дека е таму и дека е многу среќен и прави дела добри за заедницата. Секогаш велеше: „Сите имаме ние одговорност кон општеството и кога ќе ме прашат моите деца што сум направил за општеството, да имаме одговори“. Драг наш Нешат, можеме да ти дадеме одговори за ова твое прашање. Луѓето сеуште зборуваат за тебе, слушаме многу добрини, иако ние како твое семејство не сме знаеле. Многу твои идеи се реализираат и се спомнува твоето име Нешат веруваше во Универзумот и често даваше мудри совети, познати како „Нешадизми“ и црташе цртежи кои во моментот му беа инспирација и беа поврзани со секојдневни случки. Беше прекрасен сопруг и татко, посветен на семејството, на задницата, на ротаријанството. Во твоја чест, од твоите цртежи е направен мурал во основното училиште „Даме Груев“ во малото училиште во Битола и утре (04.07.2024 година) со почеток во 18 часот ќе имаме мал настан за да се дружиме како што велеше ти и да направиме нешто за нашите деца.

Цртежите на Нешат, кои ја одразуваа неговата љубов кон природата и животната средина, беа искористени за создавање на впечатливи мурали во ООУ „Даме Груев“ во Битола, кои продолжуваат да инспирираат и едуцираат многу генерации. Овие мурали не само што го разубавуваат просторот, туку и го носат духот и визијата на Нешат, потсетувајќи на неговата посветеност и придонес кон заедницата. Муралот го изработија уметничките Ленче К. Јагоридовска и Дијана Колонџоска, за која сум благодарна од дното на срцето и душата, за отсликувањето на дел од неговите цртежи. Ја користам можност да се заблагодарам до директорката Биљана Дамчевска-Бакиевска од ООУ „Даме Груев“ - Битола и претседателот Димитар Велковски на ротари клубот „Битола-Широк Сокак“. Од срце им благодарам на Владе и Марта Христовски од фирмата Графопром за постојаната поддршка.

На настанот утре, на 4-ти јули 2024 година со почеток во 18 часот, ние како негово семејство, заедно со уметничките Ленче К. Јагоридовска и Дијана Колонџоска, ќе ја отвориме оваа почесна изложба. Овој настан не е само повод за прослава на Нешатовиот живот и дело, туку и прилика за заедничко дружење како што тој би го посакал. Се надеваме да ќе можете да ни се придружите и да споделиме моменти на сеќавање и инспирација, како и да поддржиме нашите училишта со донирање на училишен материјал и купување на неговите цртежи , во чест на Нешатовата преданост кон образованието и заедницата.

Со почит, Фатма, Леона и Даријан Аземовски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани