Јавното претпријатие "Стрежево" - Битола ја известува јавноста дека на денешната седница на Управниот одбор
за вршител на должноста директор е избрана м-р Вера Бешлиевска, а за в.д заменик на директорот Сирија Рашиди.
„Благодарност за дадената доверба од страна на Владата и Управниот одбор.
Ќе дадам максимум од себе, да ја оправдам довербата и професионално да одговорам на овој голем предизвик, кој што е особена чест за мене", рече директорката Бешлиевска и додаде:
"Како прва жена директор во постоењето на Стрежево основна заложба ми е имплементација на владините водостопански политики, доследност, отченост и подобрување во работењето во сите сегменти на делување на Стрежево, а се со цел да пружиме квалитетни и навремени услуги на граѓаните".
"Потребно е Стрежево да испорача брзи резултати, но секако тоа ќе се постигне со многу работа, преземање на конкретни мерки и соодветни чекори кон успешна реализација на потребните проекти, заедно со вработените", смета Бешлиевска.