2win800x200

Обвинителката Нечаковска - Само луѓе со интегритет можат да водат бескомпромисна борба против корупцијата

Август 11, 2024
фото - Економија и бизнис фото - Економија и бизнис

Неодамна во Вилниус, Литванија се одржа Меѓународната конференција за антикорупција, најголемиот светски форум за борбата против корупцијата. На конференцијата учествуваа повеќе од 2 000 учесници од повеќе од 140 земји. Со помош и во организација на Амбасадата на САД во земјава, на оваа врвна конференција учествуваше и група составена од претставници на различни институции, каде што секоја од нив претставува значајна алка во борбата против корупцијата. Така имаше по еден претставник од Државната комисија за спречување на корупцијата, од Министерството за внатрешни работи, од Јавното обвинителство, од редот на судиите, од Стопанската комора како претставник на приватниот бизнис-сектор, од граѓанскиот сектор и од Амбасадата на САД. Во продолжение ви ги претставуваме нивните импресии и главните поуки од конференцијата, пренесува https://ekonomijaibiznis.mk


Оливера Нечаковска, основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Битола: 

21. меѓународна конференција за антикорупција мене лично ми го потврди уверувањето дека иако сите држави во светот се соочуваат со слични проблеми во борбата против корупцијата, со успех можат да се пофалат само оние во кои преовладува културата на интегритет и такви вредности поради кои кривично-правниот елемент на гонење на сторителите на криминал поврзан со корупција е само еден елемент во системот кој се обидува, пред сè, да ги елиминира причините и мотивите за коруптивно дејствување, а потоа и ефикасно и ефективно да ги казни тие кај кои обидите за промена на културата на однесување не успеале. Најважна алка во градењето на таков систем е препознавањето на вредноста на човечкиот потенцијал во борбата против корупцијата. Можете да го имате најсовршениот правен систем и најсовршените закони за борба против корупцијата, ама ако немате луѓе со интегритет и лична посветеност за бескомпромисна борба против корупцијата, отпорни на коруптивните притисоци кои доаѓаат од сите страни, тие закони ќе останат само мртво слово на хартија. Такви луѓе се градат од мали нозе така што ние како држава треба да посветиме поголемо внимание и на воспитно-образовниот процес на младите генерации, кој потоа ќе се надоградува и со ефикасен правосуден систем.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани