2win800x200

Три девојки од кои едната малолетна се степале пред ноќен клуб во Битола - тепачката е снимена

Октомври 11, 2024

Три тинејџерки од Битола од кои едната малолетна се степале пред ноќен клуб популарен во градот, во близина на Градското шеталиште. Девојките го нарушиле јавниот ред и мир казниво со закон, а тепачката е снимена и видеото кружи на социјалните мрежи. Две од девојките се на 18 годишна возраст, но третата има 17 години. На снимката се гледа како девојките се тепаат меѓу себе, најверојатно  две наспроти една, а ги делат лица  од обезбедувањето на клубот, со препознатливи елеци со рефлективни ленти. Една од девојките јасно се гледа како ја удира врсничката по глава која веќе е соборена на земја и ја тегне за косата. 

 

СВР Битола официјално објави дека тепачката била пријавена во 3 часот рано изутрината во минатата сабота,  но прашањето  е дали и малолетната девојка била во ноќниот клуб пред и по полноќ и ако било така кој дозволил да влезе. 

Според полицијата - На 05.10.2024 околу 03.00 часот во СВР Битола било пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Партизанска" во Битола, А.П.(18), А.Н.(18) и 17 - годишна девојка, сите од Битола, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани