2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Клаудија Кардинале доаѓа во Битола со ќерка си, пренесува „Независен“

Септември 19, 2018

Скромни се барањата на италијанската и светски позната филмска актерка Клаудија Кардинале (80), пред 39. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кој почнува в сабота и трае до 29 септември. Кардинале ќе учествува на свеченото отворање и лично ќе ѝ биде врачена специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, пренсува весникот „Независен“. 

 

Филмската дива в петок пристига со авион во Скопје. Ќе ја чека автомобил кој веднаш ќе ја однесе во градот на конзулите. Кардинале доаѓа во Македонија заедно со ќерка си, која исто така се вика Клаудија. Ќе биде сместена во хотелот „Епинал“. И покрај скромните барања, организаторот ќе се потруди да ѝ обезбеди пријатен престој на големата актерка. Единствено специфично барање е да ѝ биде дозволено да пуши, како претходно што ѝ беше излезено во пресрет и на филмската дива Катрин Денев кога дојде во Битола, пишува „Независен“. 

Претходни ѕвезди што дојдоа во Битола се и Жулиет Бинош, Изабел Ипер, Викторија Абрил и Дерил Хана.

Клаудија Кардинале е со импозантна филмографија од над 175 улоги во филмови, телевизиски серии и краткометражни филмови. Во нејзината богата кариера настапувала заедно со филмските партнери Марчело Мастројани, Берт Ланкестер, Ален Делон и други.

Зад себе има еден официјален брак со филмскиот продуцент Франко Кристалди од кој се разведе во 1975 година. Со италијанскиот филмски директор Паскале Куитери живееше 42 години, се до неговата смрт, лани. Има и син Патрик, посвоен во бракот со Кристалди.

- Клаудија Кардинале беше прогласена за една од најубавите 50 жени во филмската историја, во својата кариера има освоено над 35 награди и признанија, а веруваме дека со задоволство во своите раце, на фестивалската сцена во Битола, ќе ја држи и златната „Камера 300“ - истакна Гена Теодосиевска, директорка на ИФФК „Браќа Манаки“, на прес-конференција во Скопје.

Организаторите на ИФФК „Браќа Манаки“ информираа дека натпреварувачкиот дел од годинешната програма ќе го оценува стручно жири предводено од Олимпија Митилинау, кинематограферка од Грција.

Фестивалот и годинава е поддржан од Општина Битола.

(текстот е преземен од  https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/09/88259/)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани