
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Читатели на АПЛА испратија фотографија од денеска, од паркирани возила околу пешачкиот премин кај Новиот пазар во Битола, со забелешка дека иако има паркинг зад пазарот, несовесни возачи паркираат на улицата „Васко Карангелевски“ и го загрозуваат движењето на пешаците на оваа исклучително фреквентана сообраќајница. Велат дека како возачи не можат да имаат прегледност од паркираните возила и да видат дали на пешачкиот ќе помине пешак.