Министерството за култура и туризам, донесе Решение за избор
на директор на Националната установа, Народен театар Битола,
по претходно распишаниот јавен оглас во дневните весници
Вечер, Слободен печат и Коха. За вршител на оваа должност е
назначен Васко Мавровски, со мандат од 4 години.
Мавровски од септември минатата година беше в. д. директор на
Народниот театар во Битола, инаку актер кој подолго време е
член на ансамблот, а има одигранo поголем број
улоги.