2win800x200

Во холот на Градската библиотека поставена е изложба по повод 11 Февруари - Меѓународниот ден на жените и девојките во науката

Февруари 11, 2025
Во холот на библиотека поставена е изложба по повод 11 Февруари -Меѓународниот ден на жените и девојките во науката. Оваа изложба насловена „11х2 Жени во науката“ е посветена на 22 жени од земјава и светот кои својот работен век го посветиле на науката и со својот придонес направиле видни промени.
Жени кои и покрај сите предизвици и забрани, продолжиле да се истакнуваат во полето на науката, имиња кои вреди секој да ги знае.
 
-За жал, до ден денес бројките покажуваат поразителни факти. Ако се гледа уделот на жени истражувачи речиси во сите земји преовладуваат силни родови стереотипи и многу девојки сè уште се помалку охрабрени да делуваат во областите на науката, технологијата, математиката и инженерството и имаат ограничен избор за нивното образование и развој на кариерата. Дури и земји кои постигнале родова еднаквост, жените истражувачите сè уште се соочуваат со многу предизвици и бариери во сите аспекти на општеството. Во последните години само 22 жени добиле Нобелова награда во научна дисциплина. Нека овие жени бидат мотивација за сите млади жени и девојки кои сакаат да се занимаваат со наука, објавија од градската библиотека „Свети Климент Охридски Битола“.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани