
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Центарот за култура во Битола во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години настава на современ македонски јазик во Гимназијата „Јосип Броз Тито” од Битола минатата недела свечено беше отворена изложбата на фотографии насловена „Идни спомени” на ученичката Дамијана Ристевска од четврта година.
Фотографиите на Ристевска се со уметнички израз и ги претставуваат ликовите низ социјалната средина во гимназијата. Преку нејзините фотографии може да се почувствува атмосферата и енергијата која владее низ гимназијата, низ училниците и училишниот двор, во училишната библиотека...
Изложбата „Идни спомени“ е четврта по ред самостојна изложба на Ристевска, последната подготвена под менторство на професорот по ликовна уметност Александар Поповски.