2win800x200

Мото крос возачот Христиан Илиовски-Кико доби финансиска поддршка од Општина Битола

Февруари 11, 2025
Македонскиот мотокросист, битолчанецот Христиан Илиовски, со своите досегашни резултати докажа дека достоинствено ја претставува својата држава и својот град во меѓународни рамки. Неговите достигнувања, беа повод за средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на која Илиовски нагласи дека како член на Мото Клубот „Пелистер“ и член на Мотоциклистичката Федерација на Македонија е Шампион на Националниот шампионат 13 години наназад, но и трикратен добитник на наградата златна кацига.
Во неговата спортска активност евидентирани се и повеќе вице шампионски и шампионски достигнувања во БМУ Европскиот шампионат, каде бил единствен Македонец кој се квалификувал на Светско првенство, носејќи ги првите поени за Македонија во 2012 година и највисок резултат трето место на Европското во 2016 година.
Оваа сезона во Европскиот БМУ Шампионат се одржаа 12 натпревари со што го освои првото место и златен медал на шампионатот.
Градоначалникот Коњановски, честитајќи ги досегашните успеси на Илиовски, рече дека локалната самоуправа, ќе продолжи да дејствува како поддржувач на успешните спортисти, на тој начин овозможувајќи нови достигнувања на нашите спортисти, но и поттикнување на спортскиот развој на младите генерации.
Како поддршка на досегашните спортски достигнувања и за успешна реализација на идните планови, согласно планираните средства во Буџетот на општината, Комисијата за спорт, одобри финансиска поддршка од 150.000 денари за Мото клубот „Пелистер“, со цел Христиан Илиовски и натаму да продолжи да биде силен македонски претставник на Балкански и Европски натпревари.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани