2win800x200

Европски настан за раскажување приказни „Sasas Jekhvar Jekh – Некогаш… и сега“

Февруари 19, 2025

 

Вчера во Europe House Bitola, се одржа незаборавен Европски настан за раскажување приказни „Sasas Jekhvar Jekh – Некогаш… и сега“! 

Овој настан е дел од Еразмус+ проектот, собра раскажувачи, истражувачи и културни ентузијасти од Северна Македонија, Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција. Преку традиционални ромски бајки, дискусии и презентации, ја прославивме богатото културно значење и значењето на усното предание. 

На вчерашниот настан „Sasas Jekhvar Jekh – Некогаш… и сега“, имавме чест да слушаме и да научиме од некои од најистакнатите говорници кои ги поделија своите знаења, искуства и инспирации. 

фа 1

Фатма Бајрам Аземовска – Советник библиотекар, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, која ја отвори церемонијата и ги поздрави присутните, истакнувајќи ја важноста на овој проект за зачувување на ромската култура и бајките како дел од европското наследство  М-р Емилија Стефановска Давкова – Директорка на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, која ја истакна важноста на зачувувањето на ромската култура и бајките како дел од европското наследство. 

480732085 1059966512838999 3019937137491048446 n

Снежана Петровска – Претставничка на Општина Битола, која со гордост го изрази значењето на овој настан за културната размена и изградбата на поинклузивно општество. 

480526393 1059968582838792 8806655160981092769 n

Роналд Шункнехт – Менаџер на проектот од НВО „Југендстил“, Германија, чија посветеност и лидерство во проектот овозможија создавање на европска платформа за ромските бајки.  Изабел Јан – НВО „Контакти за Европа“, Германија, која ги поттикна учесниците да ја ценат културната размена и меѓукултурниот дијалог.  Јелена Петровска и Бланка Чаби – Претставници на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и НВО ХЕДА од Унгарија кои ја презентираа монографијата за ромски бајки и едукативните материјали за раскажувачи.  Евангелија Мама, Викторија Михајловска, Анка Фотин, Силвија Строе, Угур Челик – Претставници од различни земји кои ги споделија своите искуства и организирани настани за раскажување приказни во нивните заедници. Нивните говори ни донесоа нови перспективи и ни го открија значењето на приказните во современиот свет.  Наградување на посветените учесници. 

ф2

480551967 1059966602838990 9066084078962665140 n 

Незаборавно музичко затворање! 

480790589 1059969889505328 1171937566898966876 n

Огромна благодарност до сите партнери, поддржувачи и учесници што помогнаа да ја зачуваме магијата на раскажувањето! Овој настан покажа дека приказните не само што го носат нашето минато, туку и ја градат нашата иднина.

ф4

 480457782 1059967316172252 3189469192891364094 n

Фатма Бајрам Аземовска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани