
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со решение на градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, за в.д. директор е именувана м-р Емилија Николовска - Спировски од 7 февруари 2025 година. Вработена е во училиштето од 2007 година како одделенски наставник и има 18 години работно искуство во образовниот сектор. Во текот на својот професионален работен ангажман се усовршувала и учествувала на голем број меѓународни научни конференции, симпозиуми, семинари и проекти од областа на образованието.
- Стручноста, искуството и мотивираноста да се оди чекор напред ќе овозможат нејзино успешно извршување на менаџерската функција во ООУ ,,Елпида Караманди" Битола, објавија од училиштето.