
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младинскиот актив на гимназијата „Јосип Броз Тито“, Битола годинава го одбележа Меѓународниот ден на жената со интерактивна дискусија - Перспективите на жените претприемачи во нашиот град. Гостинки беа Ана Ристевска и Соња Димитровска кои се успешни жени во деловниот сектор во градот и во поширокиот пелагониски регион,а и преку онлајн платформи развиваат деловни врски на светско ниво.Членовите на младинскиот актив ги слушнаа нивните лични професионални приказни за патот до успехот.
-Им благодариме на двете успешни дами што беа вистинска мотивација за нашите ученици, објавија од гимназијата.