Почитувани битолчани,
следејќи ги последните пишувања по социјалните мрежи дека е донесена одлука од Советот на општина Битола за изградба на "депонија" во Новаци, должни сме да ја информираме битолската јавност.
Советниците во Советот на општина Битола не донесоа одлука за изградба на "депонија" во Новаци.
Ова најодговорно го тврдиме и зад истото стоиме како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
На последната седница на Советот на општина Битола се гласаше само за формирање на комисија.
Согласно ова ниту е донесена од Советот на општина Битола за изградба на регионална "депонија" во Новаци, ниту пак Советот на општина Битола има таков мандат!
Но, не зачудува дел од соопштението на СДСМ Битола во кој повикуваат: ”граѓаните не може и не смее да бидат исклучени од процесот на донесување одлуки кои се од суштествено значење.”
Точно е дека граѓаните треба да бидат вклучени во донесувањето на одлуките од суштествено значење. Но кога владата на СДСМ предводена од Зоран Заев го промени "ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2021-2031", тогаш МИСЛЕЊЕТО НА БИТОЛЧАНИ НЕ ИМ БЕШЕ ВАЖНО!
Зошто ниту еден битолски министер а имаше неколку и ниту еден пратеник во мандатот 2020-2024 година не побара да се организира јавна презентација и расправа?
Тоа го потврдуваме со приложување на фотографии и линк од донесениот план на 18.10.2021 година.
Исто така сме зачудени од фактот како од СДСМ не го виделе проектот додека Каја Шукова беше Министерка за животна средина и просторнo планирање и сега е актуелен потпретседател на СДСМ.
Дали можеби потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски кој е актуелен советник во советот на општина Битола е запознат со проектот и мудро премолчи или можеби нема комуникација и со колегите потпретседатели на СДСМ во централата во Скопје ?
Секако дека согласно изгласаниот заклучок ги очекуваме во Битола пред целокупната јавност надлежните од Министерството за животна средина и просторно планирање да дојдат и да го презентираат целиот проект.
И уште еднаш да повториме дека локацијата за регионалната "депонија" во Новаци ја утврди владата на СДСМ во 2021 година а не советот на општина Битола во 2025 година.
Доколку проектот предлага "ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД" според сите светски стандарди и придонесува за подобра животна средина и правилно управување со отпадот како одговорна политичка партија ќе бидиме дел од јавната расправа.