На прес-конференција во библиотеката, директорката Емилија Стефановска - Давкова истакна дека пред себе поставиле пет стретешки цели, зголемување на бројот на студенти што ќе изнајмуваат книги од библиотеката и меѓународна активност.
-Нашата визија и иднина првенствено се темели на традицијата, но понатаму силно ќе се вложиме и во модернизирањето на сите аспекти на нејзиното сеопфатно функционирање.
Oттука, јас поставив пет стратешки приоритети, а тоа се: гарантираме пристап за идните генерации, пристап секому што сака да истражува (научна, стручна фела), да дадеме поддршка на сите истражувачки заедници во клучнитe области за обезбедување социјална и економска корист, да го збогатуваме културниот живот на нацијата и да овозможиме услови за зголемување на базата на знаење.
Поради тоа што библиотеката го носи името Универзитетска, Емилија Стефановска – Давкова рече дека развојната програма е креирана најпрво кон зголемување на соработката со студентите со намера да се зголеми бројот на студенти, тие да ги привлечеме да дојдат и да се зачленат.

-Посебен акцент јас ставам на зголемување на бројот на студенти , којшто изминативе години драстично опаднал на поразителен број од само 133 корисници – студенти, па во овој поглед, ние моментално вршиме набавка на научна и стручна литература, како на македонски така и на англиски јазик и странска литература којашто е неопходна за студентите најпрво од нашиот Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола, а потоа и од
другите универзитети од нашето опкружување.
За идните активности Емилија Стефановска – Давкова додаде дека со одобрените средства од Министерство за култура и туризам за 700.000 денари се врши набавка и на најбараната литература од жанрот белетристика. Потпишан е меморандум за соработка со МНД Битола за понатамошна плодна соработка во поглед на многу нови корисници од групата на студенти, уметници, истражувачи, научници и други ентузијасти коишто ја сакаат науката и културата. Со Универзитетот “Св. Климент Охридски “- Битола ќе имаме контакт со многу професори и се дискутира на теми за раст и развој на нашите институции, за примарна дејност, збогатување на библиотечниот фонд, дигитализација на библиотечниот материјал, зачувување на збирка ракописи од роднокрајни писатели и стари раритетни книги, изработка на монографии и ретки публикации од нашиот книжевен фонд, изработката на библиографијата за Вера Стојчевска – Антиќ и Александар Стерјовски.

-Тука сакам да истакнам дека публикацијата која е насловена: „НУУБ Св. Климент Охридски-Битола од 1945 година до денес“ ќе биде посебно промовирана на прославата на јубилејот 80 години од постоењето на Библиотеката, рече директорката.
Оваа национална установа им нуди можности за стручно и професионо усовршување на кадарот преку обуки, учество на семинари на домашни и странски конференции.
–Во оваа област, годинава ќе се оствари билатерална соработка помеѓу НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола и градската Универзитетска библиотека во Кемниц – Германија, мeѓународна соработка со националната библиотека во Рим – Италија, кадешто е планирано претставување на 30 изданија од НУУБ „Св.Климент Охридски “- Битола и изложба на репродукција на слики од најстарите библиотеки во Битола до денес и меѓународна соработка со Националната библиотека во Валета-Малта, рече Емилија Стефановска – Давкова.
Беше речен0 и дека особено внимание оваа година посветуваме и на инвестициското одржување, осигурување, адаптација и набавката на опрема, согласно дејностите коишто се вршат во оваа установа НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ги врши следните функции: набавува, чува, стручно обработува, заштитува и дава на користење библиотечен материјал, определен со Законот за Библиотеки и Законот за Култура. Ќе биде вложено и во едукација на вработените без разлика во кој период се тие вработени, а првата обука на вработените
коишто ги немаат поминато како основни обуки за библиотечно работење ќе биде во
септември 2025 година. НУ Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“-Битола ќе инвестира во набавка на метални конзоли кои ќе бидат во функција на поефикасна заштита на библиотечниот материјал на библиотеката.

-НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола од 2000 година е целосно автоматизирана и е дел од COBBISS програмата, прва во Македонија заедно со други 17 библиотеки од Европа. COBBISS програмата постојано се надградува и сега сме во COBBISS 3, a од почетокот на јули, 2025 година преминуваме во COBBISS 4, за што вработените мора да се обучуваат со цел да се зголеми ефикасноста и ефективноста во нивното работење и резултатот на целокупшната институција, рече Емилија Стефановска – Давкова.
-За доделените средства од државата во делот на инвестиции, исто така можеме да издвоиме дека за дигитална читална “Горан Стефановски“ се доделени 185.000 денари, а се
доделени и други финансии за набавка на опрема за библиотечно работење. Во делот на литературата и издавачката дејност, доделени се средства за Зборникот на излагања на Роднокрајната средба на битолските писатели во Македонија- 18.000 денари. 50.000 денари за традиционалното списание “Библиотечен тренд“ како и 100.000 денари за нашиот најзначаен проект, публикацијата „Историја на НУУБ св. Климент Охридски-Битола од основањето до денес“, на којшто јас сум автор, уредник и преведувач, заедно со мојот тим вработени како составувачи, рече Емилија Стефановска – Давкова.