2win800x200

Амандман на Законот за медиуми: Во локалните портали мора да има еден вработен и еден хонорарец

Април 14, 2025

Минимум двајца вработени во „големите“ интернет портали, а еден вработен и едeн хонорарец во малите, предвидува амандманот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, што беше усвоен денеска на седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање во Собранието.

Според амандманот поднесен од повеќе пратеници, а кој го образложи пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, во законот по ставот 9 се додаваат пет нови ставови. Како што беше образложено, надлежното регулаторно тело нема да го впише издавачот на онлајн медиумот интернет порталот во Регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали доколку нема вработено најмалку две лица со полно работно време, односно ќе го избрише издавачот на онлајн медиумот-интернет порталот од Регистарот на издавачи на онлајн медиуми – интернет портали доколку го нема потребниот број на вработени.

По исклучок на ставот (11) од овој член, надлежното регулаторно тело ќе го впише издавачот на онлајн медиумот-интернет порталот во Регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали доколку има вработено едно лице со полно работно време и ангажирано едно лице со договор на дело, како онлајн медиум-интернет портал со мал и/или специјализиран опфат.

Во образоложението на амандманот се наведува дека тој се поднесува за да се направи дистинкција помеѓу онлајн медиуми-интернет портали кои публикуваат информативни, образовни и забавни содржини, односно дел од овие онлајн медиуми- интернет портали публикуваат само информативни, само образовни или само забавни содржини, истите се публикуваат во вид на текст, аудио или аудиовизуелен формат. Онлајн медиумите-интернет портали публикуваат различни содржини, и во различен формат, заради што во суштина се разликува структурата и бројот на вработени, односно ангажирани лица.

На седницата не беше прифатен амандманот на пратеникот Амар Мецановиќ од Левица, кој предлагаше интернет порталите да имаат вработено најмалку едно лице.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани