Некои битолчани сé уште фрлаат ќеси со ѓубре од балкон, раскажуваат вработените во „Комуналец“

Септември 24, 2019

Шенѓул Бошевска е една од вработените во ЈКП „Комуналец“ задолжена за одржување на јавната чистота низ градот. Заедно со нејзините колеги ги чистат улиците, тротоарите и зелените површини од ѓубрето што секојдневно се создава. Но, велат дека никој не може да исчисти толку колку што другите можат да изгнасат. Наидуваат на секакви случаи, но најсрамно е што некои луѓе не можат да ги променат навиките, па ѓубрето се уште го фрлаат преку балкон, вели Шенѓул.

-Граѓаните треба да внимаваат повеќе, да водат сметка за хигиената, затоа што на толкав град и толку народ, ние колку и да чистиме не можеме да пристигнеме. Најмногу ѓубре има на зелените површини, во парковите низ Битола, а по  Широк Сокак нема толку.  Мали депонии има на сите поголеми улици, секаде. Во близина на зградите на овии улици често пати затекнуваме ѓубре фрлено од балкон во најлонски кеси, кое при падот се растурило насекаде. Исто така често се случува ѓубрето да го фрлаат наоколу контејнерите. Тоа не е во ред, вели Шенѓул Бошевска, вработена во ЈП „Комуналец“.

Покрај ЈП „Комуналец“, во Битола во повеќе наврати имало иницијативи на граѓани за чистење на сметот низ градот. Сепак, навиките на луѓето тешко се менуваат, а свеста најверојатно најдобро  се подига со санкции.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани