АД ЕСМ - честит 1 Мај - денот симбол за работничките права
Мај 01, 2025
Почитувани и драги работници,
нека е честит 1 Мај!
Овој ден претставува симбол на борбата за работничките права, за достоинствен живот и за подобри услови за сите. Вие сте наше најголемо богатство и затоа наша обврска како општество е постојано да ги унапредуваме условите за работа, да го цениме вашиот труд и да го поддржуваме вашиот развој.
Ви посакуваме добро здравје и успеси на личен и на професионален план. Нека вашиот труд биде препознаен, ценет и награден.