СЕ ВОВЕДУВА ТРАЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА УЛИЦАТА „БУЛЕВАР 1 МАЈ“ ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ПЕШАЦИТЕ И ВОЗАЧИТЕ
Општина Битола, во соработка со Јавното претпријатие „Паркинзи“, од денес започна со воведување на траен режим на сообраќај на улицата „Булевар 1 Мај“, на потегот од „Ленски мост“ до Дрвеното мовче.
Увид во денешните активности извршија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски, директорот на ЈП „Паркинзи“, Зоран Михајловски, како и претставници од одделението за комунални дејности при Општина Битола.
Со поставување на заштитни столбчиња и обележување на дел од коловозот, се обезбедуваат јасни и безбедни зони за движење и на пешаците и на возилата. Паркирањето на коловозот е строго забрането, со цел да се овозможи непречено движење и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Со овие мерки се очекува значително растеретување на овој дел од градот и создавање на побезбедна сообраќајна околина за граѓаните.