На 26.5.2025 г. во дворот на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ Битола се одржа патрониот празник – Денот на младоста, носејќи го името: „Времеплов низ ритам“.
На свечениот настан учествуваа
гимназиските музички групи, членовите на драмсаката секција како и членови на играорната група при гимназијата, а ментори беа професорката Николина Ѓуровска и Владко Симоновски.
-Почестени бевме со присуството на градоначалникот на Опшитна Битола – др. примариус Тони Коњановски, со присуствотот на градоначалникот на Општина Новаци- г.Стевче Стефановски, ректорот на Универзитетот, проф.др Игор Неделковски. Гости ни беа и заменик градоначалникот Бојан Бојковски ,актуелни советници од Општина Битола, претставници на дипломатскиот кор, претставници на Советот и Одборот на родители во Гимназијата, претставници на Училишниот одбор на училиштето, присутни беа почитуваните родители, нашите актуелни и пензионирани колеги, претставници на бизнис-сектотот од Битола, учениците, претставниците на медиумите и други гости, објави директорката Лидија Споа.
Во рамките на прославата на патрониот празник, имавме уште еден значаен настан во соработка со градската библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола, со м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски – стручен соработник за популаризација на книга, а под менторство на професорката м-р Симона Петровска се одржа ораторски натпревар меќу членовите на дебатниот клуб во Гимназијата.