2win800x200

ЈП "Паркинзи" со соопштение - Од ноќеска ќе биде затворен паркингот кај Центарот за култура

Јули 04, 2025

ЈП Паркинзи Битола со СООПШТЕНИЕ 

 
Почитувани корисници на услугите на затворениот паркинг пред Домот на културата Ве известуваме дека во периодот од 04.07. (петок)  24 часот до 05.07. (сабота) 22 часот нема да може да се користи услугата паркирање. Возилата кои ќе бидат затекнати после 24 часот на 04.07 за напуштање на паркингот да го користат излезот од страната на училиштето "Гоце Делчев".
МВР, Бирото за јавна безбедност организира караван под мотото "ДО ВАС ЗА ВАС" и заради одржување на настанот избрана е оваа локација како најпогодна за таа цел.
Воедно Ве покануваме да присуствувате на овој настан на кој ќе бидат изложени дел од опремата и техниката кои ги користат за работа.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани