2win800x200

Црвената боја на велопатеките е квалитетна и не избледува, тврдат од ЈП "Паркинзи" Битола

Јули 03, 2025

БОЈАТА НА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ ГИ ИСПОЛНУВА СИТЕ СТАНДАРДИ И НЕ Е ИЗБРИШАНА – ПАТЕКИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ПОТВРДИЈА КОЛКАВА Е ЗАГАДЕНОСТА ОД ВОЗИЛАТА

ЈП Паркинзи Битола денеска информира дека обележувањето на велопатеките во Битола, продолжува со истиот интензитет како и минатата недела. Црвената боја со која се означени патеките не избледува, но издувните гасови од возилата предизвикуваат големо загадување кое често покрива и делови од патеката.
Сакајќи најдобронамерно да укажеме на најголемата причина за загадувањето во градовите, со фотографии посочивме една случајно избрана локација.
Објавата предизвика многу коментари со најразлични содржини. 1000002628
Без да навлегуваме во анализа на истите денес соопштуваме дека бојата со која се одбележува хоризонталната сигнализација ги исполнува сите стандарди кои се задолжителни за таа намена. Истата ги поседува сите релевантни сертификати од акредитирани лаборатории и се користи на најголемиот број на сообраќајници и јавни патишта низ Државата и регионот (барем во над 80% од официјалните локации).
При извршувањето на бележењето (таа иста боја) ги поминала сите надзори над досегашните изведби. Само за споредба и паркингот кај спортската сала и крстосницата наспроти него се означени со истата боја (паркингот без малку пред три години а раскрсницата наспроти него е бележена на 26-ти јуни годинава) а разликата од талогот предизвикан од сообраќајот е евидентна.
Денес повторно со фотографија претставен е дел од нова локација (локацијата намерно е избрана како една од сообраќајно пооптоварените во градот а и талогот на новите вело-премини е далеку пообемен од претходната локација). Улица Партизанска наспроти црквата кај новиот пазар, подлогата е третирана со благо абразивно средство и вода.
 
Можеме да претпоставуваме многу работи, можеме и да ги негираме фактите но тоа не значи дека проблемот со талогот од издувните гасови на автомобилите ќе исчезне, а бојата е тука. 
До секој од нас е каков град сакаме и како ќе го чуваме зошто сите ние живееме во него.
Очигледно, реалноста потврдува, дека час поскоро сите мораме да се одлучиме за алтернативен начин на транспорт, односно користење велосипед, со што ќе ја заштитиме животната средина и пред се, ќе си го зачуваме нашето здравје.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани