
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Диви продавачи на бостан и зеленчук си оградиле и наместиле заштитен чадор од сонце на дел од новите велосипедски патеки на улицата „Партизанска“ во Битола наспроти Клиничката болница. Битолчани се вџашени од „умешноста“ на дивите тезгаџии. Откако се изградија новите пешачки и велосипедски патеки во Битола нема ден да нема некое самоволие од несовесни граѓани. Паркираат мотории, такси возила, а сега никнаа и диви тезги. Граѓаните реагираат и бараат казни за сторителите од надлежните институции.
Фото Апла. мк
А.Б