
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Europe House Битола и Амбасадата на Литванија во Скопје ве покануваат на незаборавна вечер што ја слави уникатната врска меѓу музиката и уметноста преку делата на еден од најзначајните уметници Микалојус Константинас Чиурлионис.
Чиурлионис е еден од ретките уметници кој со своето творештво успеал да го спои звукот и бојата, музичката структура и сликарскиот јазик, создавајќи дела кои и денес инспирираат генерации уметници и љубители на културата ширум светот.
На оваа посебна вечер ќе настапат пијанистите Рокас Зубовас и Соната Девејките Зубовиене, признати литвански уметници со богата меѓународна кариера. Дуото започнува заеднички да настапува во 1997 година и до денес остварува бројни концерти во Европа, САД, Јужна Америка и пошироко. Зад нив стојат настапи во престижни сали како „Палатата на нациите“ во Женева, Кралската палата во Варшава, како и учества на меѓународни фестивали во Норвешка, Франција, Италија, Германија, Холандија и други земји.
Ова дуо се издвојува со дела од класични и современи композитори како Моцарт, Бетовен, Шуберт, Шуман, Дебиси, Рахмањинов и Гершвин, но посебно внимание посветуваат на транскрипции на големи симфониски дела и промоција на литванската музичка традиција.
За битолската публика Duo Zubovas ќе изведе програма посветена на Чиурлионис.
Покрај концертниот настап, публиката ќе има ретка можност да ја проследи и уметничката изложба со репродукции на оригинални дела од Чиурлионис, кои претставуваат визуелен еквивалент на неговиот музички свет. Неговите слики се познати по својата симболичка длабочина и мистична атмосфера што ја пренесуваат
- Сабота, 19 јули | 19:00 часот
-Офицерски Дом – втор кат
- Влез: Слободен, но бројот на гости е ограничен!
- Резервирај место: Пријави се преку линкот во био.
- Краен рок за пријавување: Четврток, 17 јули | 13:00 часот
ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ