2win800x200

Во Битола претставен проект за реформи во секторот за води

Јули 02, 2025

ПРЕТСТАВЕН ПРОЕКТОТ „ПОНАТАМОШНА ПОДДРШКА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ ВО СЕКТОРОТ ЗА ВОДИ"

 
Општина Битола беше домаќин на работната средба со претставниците на консултантскиот тим од проектот „Понатамошна поддршка за имплементација на реформите во секторот за води", на која учествуваа раководните лица на битолските јавни претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“, ЈП „Стрежево“, како и претставници на општина Новаци. 
 
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски присуствуваше на средбата, на која раководителот на тимот, Ад Санен, како и останатите двајца членови на проектниот тим, ги претставија проектните активности, во присуство на клучните засегнати страни од водниот сектор. 1000002590
 
Проектот предвидува надминување на територијалната фрагментација во обезбедувањето водни услуги, подобрување на ефикасноста, анализа на опции за кластеризација во 3 пилот области, меѓу кои е и битолскиот регион, заедно со општините Новаци и Могила. Проектот има временска рамка од 30 месеци, а на денешната работна средба беа посочени предизвиците со кои што се соочуваат јавните претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“ и „Стрежево“. 
 
Проектот е финансиран од ЕУ, а се спроведува од страна на HYDROPHIL (Австрија) и членовите на конзорциумот GIZ, VeVe Group и IAWD, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани