2win800x200

ЈП „Паркинзи“ Битола - Зошто на Битола и се потребни велосипедските патеки

Јули 02, 2025
Зошто на Битола и се потребни велосипедските патеки?
Локација: Пешачки премин на врстувањето на улиците „Ѓорѓи Наумов“ со „Партизанска“
Време: Фотографиите од левата страна се сликани на 30.06.25 во 09:01 минута, а фотографиите од десната страна 48 часа подоцна.
Пешачкиот премин е одбележан на ден 30.06.25 околу 02 часот наутро.
 
Како што се гледа на фотографиите веќе неколку часа по бележењето се формира талог од издувните гасови од возилата кои поминале на ова локација, а истиот после 48 часа е видливо зголемен. Раскрсницата на која е фотографирано не е со голем интензитет на сообраќај (барем не како улиците во центарот на градот).
Студиите кои го третирале загадувањето како главен фактор за загадувањето на воздухот во градовите го посочуваат сообраќајот, а загадувањето во нашиот град до сега било како тема третирано на најразлични начини од различни структури но до денешен ден освен разговори и дебати решението не е на повидок.
Талогот насобран на приложените фотографии е делот кој ние како граѓани „не сме го вдишале“. Секако дека сообраќајот или транспортот е неопходен и никој не може да го спречи заради тоа што е витален дел од нормалното функционирање на секој град, но индивидуалниот начин на превоз е наш избор кој зависи само од нас самите и само до нас е дали се уште ќе се возиме сам по сам во автомобилите или ќе избереме алтернативен начин на превоз кој ќе не чини многу помалку а со тоа и придонесуваме за подобар и почист град.
 velo 2
Со иницијативата на Општина Битола за воведување на вело-патеки на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“ продолжува трендот на унапредување на велосипедската култура во градот започнат од 2014 година и се дава можност на љубителите на велосипедизмот на рамноправен начин да учествуваат во сообраќајот барем на 5 километарската патека која ги спојува овие две големи улици. На нас како граѓани останува дали и ние ќе го следиме трендот или ќе останиме „робови на старите навики“. Што повеќе граѓани го искористат овај начин на превоз тоа помалку талог на улиците а со тоа и почист воздух. Она што е секојдневие во Европските земји кај нас сеуште е во зачеток, свеста и навиките се веќе оформени и никој не очекува дека преку ноќ ќе ги земиме велосипедите но сега веќе имаме и простор за дилема. Сега веќе имаме еден изговор помалку за да го оправдаме автомобилот како единствено средство за превоз на кратки релации.
Заклучок: Што повеќе битолчанки, битолчани и битолчанчиња на велосипед тоа помалку талог по улиците и низ нашите бели дробови, а кога тој број ќе биде доволно голем тогаш освен загадениот воздух од нашиот град ќе исчезнат и сообраќајниот метеж заедно со расправиите и нервозите, проблемите со паркирањето и еден куп други работи кои со себе ги носат.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани