2win800x200

Во Противпожарната единица во Битола недостигаат пожарникари, имаат солидна опрема

Јули 04, 2025

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА РАБОТЕН СОСТАНОК СО ТППЕ БИТОЛА: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРОТИВПОЖАРНИТЕ КАПАЦИТЕТИ И НОВИ МЕРКИ НА ПОДГОТВЕНОСТ

 
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари работен состанок со Христијан Тодоровски, командир на вод и лице задолжено за извршување на работни задачи на командир на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, и со заменик командирот на ТППЕ, Горан Димковски.
 
На состанокот, претставниците на ТППЕ Битола го информираа градоначалникот за одржаната координативна средба со в.д. директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), каде присуствуваа командирите на 12 територијални противпожарни единици од целата држава. Средбата беше посветена на координација на активностите за гаснење пожари на отворен простор и шумски пожари во текот на летниот период.
 
Разговорите се фокусираа на подготвеноста на единиците со човечки и материјални ресурси, начинот на ангажирање и комуникација меѓу чинителите во системот за заштита и спасување, како и на тековните предизвици.
 
Командирите информираа дека ТППЕ Битола, која покрива три општини, е солидно опремена, но постои реална потреба од зголемување на човечките ресурси. Во таа насока, градоначалникот Коњановски најави дека Општина Битола ќе се вклучи во мерката 6.2 од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2025 година. Оваа мерка има за цел да овозможи работно ангажирање на невработени лица за превенција и заштита од пожари, како и за активности за пошумување и заштита на животната средина на локално ниво. За спроведувањето на постапките јавноста ќе биде навремено информирана.
 
На крајот од состанокот, беше упатен апел до граѓаните, имајќи ја предвид опасноста од пожари во летниот период:
 
да не палат оган на отворен простор,
 
да не фрлаат стаклени шишиња и друг запалив отпад,
 
да не палат стрништа и отпадоци,
 
и да не фрлаат отпушоци во шума или на отворен простор.
 
Против лицата кои ќе ги прекршат овие препораки ќе бидат преземени мерки во согласност со важечките законски прописи.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани