
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Христијан Тодоровски е новиот командир на битолските пожарникари. Тодоровски е назначен за командир на вод и лице задолжено за извршување на работни задачи на командир на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола. Оваа позиција долго време не беше пополнета. Заменик командир на ТППЕ останува Горан Димкоски.