НОВИ МЕРКИ ЗА ЗГОЛЕМЕНА ХИГИЕНА НА СООБРАЌАЈНИЦИТЕ И ПАЗАРИТЕ ВО БИТОЛА
На иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски, денес во општина Битола се одржа состанок со претставници од јавните претпријатија, ТППЕ Битола, а се воспостави и координација со РЕК Битола.
Целта на состанокот беше да се договори конкретен план со активности за унапредување на хигиената во градот, имајќи ги предвид укажувањата од ЈП „Паркинзи“ за зголемен талог од издувни гасови на сообраќајниците, како и потребите на ЈП „Пазари“.
Согласно договореното, од вечерва започнува организирана акција за миење на улиците, со која ќе раководи ЈП „Комуналец“. Акцијата ќе започне од поголемите сообраќајници, со вклучување на три возила. Миењето на улиците ќе се врши секоја вечер, а според потребите, дополнително ќе се вклучуваат и ТППЕ Битола и РЕК Битола со сопствени ресурси.
Утре ќе се изврши миење на Новиот пазар од страна на ТППЕ Битола, додека секој вторник и петок – по пазарните денови – ќе се врши миење на двата пазари во градот, во соработка меѓу ТППЕ Битола и ЈП „Пазари“.
Со овој план, се преземаат дополнителни мерки за подигнување на нивото на хигиената во Битола, особено во летниот период, кога потребата од вакви активности е зголемена.