
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 20 август во Центарот за култура во Битола ќе се одржи 15 по ред "Незаборав" музичка манифестација чиј автор на проектот е Панде Димитровски. Годинава "Незаборав" слави јубилеј како значајна и општо прифатена музичка манифестација во рамките на Битфест. На кого ќе биде посветен "Незаборав" годинава , Димитровски допрва ќе открие. Лани 14 то издание на традиционалната манифестација "Незаборав“, беше посветено на композиторот Тоде Новачевски и како и секогаш предизвика внимание во битолската јавност.