
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ансамблот за фолклор ,,Гоце Делчев” Битола кој учествуваше на Меѓународен фестивал во Велика Горица, Хрватска се враќа со две награди, за најдобар сценски настап и најдобро кореографско изведување. Исто така признание за учество на фестивалот.
- Турнејата беше многу успешна, исто така бевме единствени поканети во Хрватската радио телевизија, каде се покажавме во најдобро светло на нивната утринска програма. Екипата од тука продолжува за Осијек, Хрватска каде што ќе се претстават со сценски настап од 50 минути. За крај завршуваме во Охрид со учество на Меѓyнароден Балкански фестивал, не информираше Сара Божиновска од ансамблот " Гоце Делчев" Битола.