2win800x200

Споменикот на војводата Александар Турунџев ќе биде поставен на 30 август во близина на Ат-Пазар во Битола

Јули 31, 2025

Се подготвува теренот кај Ветеринарната станица во Битола за поставување на споменикот на војводата Александар Турунџев. Локацијата е во непосредна близина на Ат-Пазар, местото каде е погубен Турунџев пред 120 години.

На новоизградениот кружен тек, деновиве е поставен постаментот, а на 30 август свечено ќе биде откириен и споменикот на војводата Турунџев. 

Споменикот веќе 8 години е направен и стои во дворот на Општина Битола. 

Споменикот на војводата Турунџев е висок 3 метри, тежи 500 кг и ќе биде поставен на постамент од 2 метри. Изработен е од бронза. Тој е дело на авторот Ѓорги Димовски, изработен во ливница во Скопје под надзор на менторот Валентина Стефановска.

Позната е историјата за македонскиот револуционер Турунџев, пред и по Илинденското востание, особено начинот како беше погубен. Османлискиот суд во Битола на 29 август 1905 година го осуди Турунџев на смрт откако една година пред тоа беше заробен и одведен во битолскиот истражен затвор. Казната беше извршена со јавно бесење на битолскиот Ат-Пазар, на 30 август 1905 година. Во непосредна близина на оваа локација се планира и поставувањето на споменикот. Гробот на Турунџев се наоѓа на битолските светонеделски гробишта.

текст Анета Блажевска 

spomenik aleksandar turundzev bitola 1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани