Вработените од НП Пелистер заеднички со локалното население од село Маловишта ја уредија и втората патека која води до манастирот Света Ана со цел верниците да имаат полесен пристап. 
Во пресрет на празникот Успение на Света Ана која се слави на 7 август, селото Маловишта(1.170мнв) е домаќин на илјадници верници, планинари и љубители на природата. Ноќта на 6 август посетителите низ густата букова шума се искачуваат до манастирот Св.Ана(1.400мнв) и се дел од еден автентичен настан и уникатно доживување кои го истакнуваат специфичниот културен идентитет и традиција на селото. Маловишта е единственото населено место во рамки на НП Пелистер каде со своите традиционалните камени куќи и калдрмисани улици останува јасен симбол на влашкиот културен идентитет и традиција во регионот.

Во знак на благодарност за поддршката бевме поканети во домот на Ристо и Лиле Палигора и имавме ретка можност да ја вкусиме Pitá di burbunacá или зелник со киселец .
