2win800x200

СВР Битола со апел до граѓаните на Битола за претстојниот музички спектакл во недела со Армин Ван Бјурен

Август 01, 2025

СВР Битола известува - Во пресрет на еден од најголемите музички настани ова лето на подрачјето на  Битола, кој ќе се одржи во недела на 3 август на стадионот „Петар Милошевски “во Битола, каде се очекуваат илјадници фанови да уживаат во електронската магија на светската музичка икона - Армин Ван Бјурен, СВР Битола упатува апел до возачите :
Заради големата фреквенција на луѓе и возила на подрачјето на Битола, ги замолуваме граѓаните на Битола да се воздржат од управување на своите патнички возила тој ден , а особено ноќта на спектаклот. Исто така, упатуваме апел до сите возачи учесници во сообраќајот да ги почитуваат посебните сообраќајни правила и да ги следат насоките на полициските службеници за паркирање.
Да бидеме сите совесни возачи, да бидеме сите хумани кон нашите сограѓани и да се воздржиме тој ден од управување на моторни возила со цел непречено одвивање на сообраќајот и реализација на настанот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани