2win800x200

Општина Битола обезбедува финансиска поддршка за одбојкарскиот клуб „Пелистер Волеј“

Август 01, 2025

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателот на Одбојкарскиот клуб „Пелистер Волеј“, Марјан Митковски, денес го потпишаа договорот со кој општина Битола обезбедува финансиска поддршка за клубот, со цел поддршка на активностите, развојот и промоцијата на одбојкарскиот спорт во Општина Битола.

Општината со овој договор се обврзува да исплати финансиска поддршка на клубот во две еднакви рати по 2.000.000 денари од сезона.


Првата рата ќе се исплати за сезоната 2025/2026, а втората за сезоната 2026/2027.

Средствата ќе бидат наменети за: трошоци за натпревари, купување спортска опрема и реквизити, трошоци за тренинзи и спортски активности, промоција на спортот и активности за млади, како и административни трошоци поврзани со функционирањето на клубот.

Градоначалникот Коњановски, потенцира дека, „Пелистер Волеј“ не се само одбојкарки. Тие се храброст, страст, борба и гордост за нашиот град. Девојки кои со срце играат за Битола, кои секојдневно го рушат митот дека спортот е само машка арена. Кога поддржуваме девојки што сонуваат, ја градиме Битола што инспирира! – рече Коњановски, потсетувајќи на неговата заложба за поддршката на клубот која ја најави уште минатиот месец.

Од „Пелистер Волеј“, најавуваат дека со добивањето на се поголемата поддршка, насочени се кон подобрување на капцитетите и градење на модерна екипа која ќе биде сериозен и конкурентен тим во следната сезона во Првата Државна Лига на Македонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани