2win800x200

Претседателката Сиљановска-Давкова помилува осум осуденици за Илинден меѓу нив и битолчанец

Август 01, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на неколку осудени лица по повод државниот празник 2 Август – Илинден. Со оваа одлука, четири лица се целосно ослободени од понатамошно издржување на затворската казна:

Раде Здравко Јовановиќ од село Криволак, Општина Неготино

Алберт Тарзан Алиевски од Кавадарци

Николче Љубе Костадиновски од Куманово

Зејадин Сали Мифтари од село Черкезе

Дополнително, уште четворица осуденици добија делумно помилување, односно намалување на затворската казна:

Емир Надир Јонузи од село Слатино, Тетово – за 3 месеци

Коле Петре Талевски од Битола – за 3 месеци

Чушков Јордан Сашо од Велес – за 3 месеци

Исмаили Џелал Јетмире од Гостивар – за 6 месеци

Одлуката е донесена врз основа на член 84 од Уставот и Законот за помилување. Таа веднаш стапува во сила и ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани