Водовод Битола со соопштение за прекинато водоснабдување во некои населени места
Август 07, 2025
Почитувани,
Ве известуваме дека на 07.08.2025 ( четврток), поради дефект на водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните населени места:
Кравари (објектите од левата страна кон преминот Меџитлија), Егри, Кременица, Меџитлија, Гермијан и Породин. Прекинот ќе трае од 09:30 часот до завршување со активностите околу санацијата.