
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Надлежните служби во Општина Битола се координираат околу претстојниот фудбалски натрпевар кој треба да се одржи на 9 септември помеѓу репрезентациите на Македонија и Италија. СВР Битола денеска соопшти дека од страна на полициски службеници од СВР Битола одржан е работен состанок со претставници на ФФМ, Општина Битола , менаџер на Градски стадион "Петар Милошевски" како и претставници од Агенција за обезбедување на лица и имот и ТППЕ Битола, а во врска со одигрување на претстојниот фудбалски натпревар, помеѓу фудбалските репрезентации на Р.С.Македонија и Италија во рамки на У-21, кој ќе се одигра на ден 9.9.2025 година со почеток од 18.15 часот на Градскиот стадион во Битола.