Со одговорност, транспарентност и посветеност во работењето, реализирани стотици проекти, претставени на сто страни, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ги претстави сумираните резултати од работењето на локалната самоуправа во периодот 2021 – 2025 година.
Во отчетот на градоначалникот Коњановски, граѓаните можат да се информираат за капиталните и други проекти, насочени кон развој и модернизација на општината во интерес на сите нејзини жители.

Осветлување на архитектонскиот бисер Широк Сокак

Изградба на влезот во Битола од Охрид

Изградба на влезот од Скопје

Изградба на велосипедски патеки

Изградба на Нов парк во Нова Битола

Поставени фотоволтаици на 10 училишта

Изградба на детска градинка во АРМ

Изградба на нова противпожарна зграда

Стадион „Петар Милошевски“: комплетирана северната трибина, реализација на проект за јужната трибина, подготовка за меѓународен натпревар

Подготовка на нов ГУП за Општина Битола

Дигитализација на дел од услугите

Партерно уредување и осветлување кај Офицерски дом

Реконструкција, осветлување и хортикултурно уредување на паркинг просторот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“

Изградба на пешачка патека „Тумбе кафе – Смолево“

Авантуристички парк на Пелистер

Поддршка за изградба на Планинарски дом „Копанки“

Изградба на „Памп трак“ полигон за велосипедисти, „Бајк парк“ Смолево, болдер ѕид за качување

Нови детски паркови

Нова детска градинка во поранешниот дом за доенчиња и мали деца

Нови спортски терени во ООУ „Елпида Караманди“ и Брусничка населба

Изградени и реконструирани улици и патишта во должина над 50 километри

Започнати со реализација 14 од вкупно 16 проекти, поддржани од Владата на Република Македонија

За Општина Битола од Владата доделени 707 милиони за 65 нови проекти

Нова противпожарна опрема

Урбано зазеленување и чистење депонии

Финансиска поддршка за првооделенците и талентираните и наградени ученици

Инвестиции во детските градинки, основните и средните училишта

Социјална заштита, поддршка за лицата со попреченост, лицата со ретки болести, жртвите на родово и семејно насилство

Поддршка на културни манифестации, спортски клубови и високи спортски резултати...
Отчетот за периодот 2021–2025 година ја отсликува доследноста во работењето на локалната самоуправа, реализираните проекти и заложбата за континуиран развој на општината. Презентираните резултати ја потврдуваат насоката кон одржлив, модерен и европски ориентиран град, како и посветеноста во управувањето со јавните ресурси и успешното спроведување на развојни политики, насочени кон подобрување на инфраструктурата, образованието, културата и социјалната заштита во Општина Битола.