2win800x200

Горната Гимназија во Битола доби меѓународно признание од Франција за квалитетот во билингвалното образование и изучувањето на францускиот јазик

Септември 05, 2025
Битолската гимназија "Јосип Броз Тито" доби меѓународно признание од Република Франција за успешното долгогодишно реализирање на билинглавните паралелки со изучување и афирмација на францускиот јазик. Од Гимназијата соопштија - " Со огромно задоволство ја примивме веста дека на билингвалните француски паралелки при нашата Гимназија, им се доделува Меѓународното признание Label France Éducation за квалитет во билингвалното образование.  1000005250
 
Признанието се доделува од страна на Министерството за образование на Р.Франција и Министерство за Европа и надворешни работи на Р. Франција и сме особено горди што тоа се случува на јубилејот - 20 годишнина од воведувањето на овој вид настава во нашата Гимназија. 
 
Упатуваме огромна благодарност до сите поранешни и сегашни професори по француски јазик и професорите по предметите ДНЛ од билингвалната настава, за вложениот труд, неисцрпната мотивација и посветеност кон учениците од билингвалните паралелки, како и до нашата директорка, и поранешните раководства на Гимназијата, за постојаната и безрезервна поддршка и соработка.
 
Голема благодарност до Француската амбасада, Францускиот институт во Скопје, почесниот конзул на Р. Франција во Македонија и Француската алијанса во Битола, за континуираната поддршка и соработка. 
 
Исто така, изразуваме голема благодарност до сите нашите ученици, поранешни и сегашни билингвалци, кои со својата амбиција, труд и посветеност низ годините, го одржуваат високото ниво на квалитет на билингвалните паралелки во Гимназијата", објавија од битолската гимназија "Јосип Броз Тито" 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани