2win800x200

80 години ФК Пелистер -Доделени признанија за заслужни членови на клубот

Октомври 13, 2025
Синоќа во преполниот Офицерски дом во Битола се одржа свечената академија по повод големиот јубилеј 80 години од постоењето на ФК Пелистер.
Во присуство на сегашни и поранешни играчи, тренери, спортски работници, навивачи и пријатели на клубот, со емоции и гордост се потсетивме на најубавите моменти од долгата и богата историја на Пелистер.
Беа доделени признанија за заслужни членови на клубот, а преку видео материјали, фотографии и лични сведоштва беше прикажана приказната за еден од најголемите спортски симболи на нашиот град.
Во градот под Пелистер, каде што со децении се негува љубовта кон фудбалот, годинава се испиша нова блескава страница во историјата на македонскиот спорт. ФК Пелистер го прослави својот голем јубилеј, 80 години постоење, осум децении исполнети со победи, емоции, предизвици и непоколеблива љубов кон зелено-белата боја.
 
559555265 855874063624219 6003090238706839439 n
Јубилејот беше заокружен со пријателски натпревар од посебно значење, на кој Пелистер ги одмери силите со романскиот гигант ФК Динамо Букурешт. На трибините се почувствува магијата на фудбалот, а на теренот, гордоста на Битола. Со сигурна и инспирирана игра, Пелистер славеше со 2:0, покажувајќи дека духот на клубот е посилен од кога било.
Но, ниеден момент не би бил ист без срцето и душата на битолскиот спорт, Чкембарите. Верните навивачи, кои годинава прославија 40 години постоење, ја претворија атмосферата во вистински спектакл. Со своето препознатливо навивање, транспаренти и зелено-бели факли, тие уште еднаш покажаа дека љубовта кон Пелистер не е само страст, туку тоа е начин на живот.
Битола сјаеше во боите на клубот. Во чест на овој јубилеј, Саат кулата, Офицерскиот дом и античкиот локалитет Хераклеа беа обоени во боите на Пелистер, како симбол на вечност, сила и надеж. Градот дишеше во ритамот на љубовта кон најсветиот симбол на битолскиот спорт.
558281278 855874110290881 4952307077815047402 n
Осум децении впишана историја, стотици генерации, илјадници спомени....затоа ФК Пелистер е гордост, идентитет и легенда која продолжува да се пишува со секој натпревар, со секоја песна и со секој глас од трибините.
561234661 855874140290878 7114497535900457767 n
Нека се множат годишнините и јубилеите на ФК Пелистер, симболот на Битола, кој ќе остане вечно обележје на македонскиот фудбал.
558779600 855874200290872 7766728523349535601 n
558679568 855873893624236 4701004865987054930 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани