2win800x200

Со традиционалниот марш низ Широк Сокак одбележан Светскиот ден посветен на слепите лица и лицата со оштетен вид

Октомври 13, 2025

Со традиционалниот марш низ Широк Сокак, Лајонс клуб „Кабадаја“ од Битола и Здружението на слепи лица Битола го одбележаа Светскиот ден посветен на слепите лица и лицата со оштетен вид.

„Денес заедно со нашите сограѓани од Здружението на слепи лица и со членовите на Лајонс клуб „Кабадаја“ чекоревме низ Широк Сокак, во знак на поддршка и почит кон лицата со оштетен вид.
Секој нивен чекор е порака за храброст, истрајност и вера дека пречките постојат само за да нè направат посилни.
Во нивните срца има светлина која не може да се изгаси – светлина што нè потсетува дека човечноста е најважното нешто што треба да го гледаме, изјави градоначалникот Тони Коњановски.
559404937 856480636896895 1929997483606418524 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани