
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици се група на светители и маченици кои својот живот го посветиле на Христовата вера. Тие се пример на непоколеблива вера и љубов кон Бога, поднесувајќи страдања и мачења заради вистината и Христовата заповед.
Споменот на овие свети маченици се чува со голема почит во Битола и пошироко, како симбол на христијанската издржливост, преданост и духовна чистота. Тие се нарекуваат преподобномаченици, бидејќи не само што биле мачени за верата, туку и својот живот го живееле во монашка и духовна чистота, подвигнувајќи се на молитва, пост и смирение.
Нивниот живот и подвиг го потсетуваат христијанскиот народ на важноста на верата, трпението и љубовта кон Бога, како и на потребата да се живее според Христовите заповеди, без оглед на страдањата што можат да дојдат.
Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици се пример за сите верници и извор на духовна сила, утеха и инспирација.
Кога, според неиспитливото допуштение на Господа, Турците муслимани нападнаа на православните народи на Балканот, по поробувањето на Прилеп, дојдоа да го освојат градот Битола, во 1385 година. По четиримесечна опсада, кога успеаја во освојувањето, се оддадоа на секаков вид убивања, опустошувања, поробувања, насилство, колежи, пљачкање, разорување на домови и свештени храмови, а се зафатија и со насилно исламизирање на православниот народ. Но, откако мноштвото верни покажаа силен и необичен отпор, беззакониците особено се устремија да постигнат одрекување од верата кај најбогобојазливите монаси од свештената обител на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец и кај оние коишто во неа прибегнале. Тие, пак, бестрашно изобличувајќи ја душегубната бесмислица на лажниот пророк преку силни богопознателни докази, и јасно исповедајќи ја тајната на Христовиот спасителен Домострој, привлекоа кон верата еден Турчин преведувач, по име Хасан, којшто исповедајќи ја самоволно православната вера, се причисли кон Светите исповедници. Така, сите благоразумни Четириесетмина, по многу измачувања, беа поведени кон Баирскиот рид, и како невини овци на Господа беа обезглавени, а потоа, тираните ги развеаја нивните чесни останки по најблискиот честак на планината Баба. Затоа, откако Светите славни Преподобномаченици праведно го примија од Венцедателот Христос двојниот невенлив венец, оној на подвигот, а и на страдањето, се покажаа како светли примери на евангелско сведоштво и љубов кон Бога, и постанаа така постојани и смели застапници за оние, коишто со вера ги чествуваат и со благоговение ги просат нивните молитви пред Господа.
