2win800x200

ООУ „Стив Наумов“ го слави патрониот празник - 105 годишнината од раѓањето на народниот херој Стеван Наумов-Стив

Октомври 28, 2025

По повод 105 годишнината од раѓањето на народниот херој Стеван Наумов-Стив, учениците на ООУ „Стив Наумов“ и нивните ментори, со централна приредба во Центарот на култура Битола, пред присутните, повеќе од осумстотини гости, родители, роднини, видни личности од јавниот живот и соработници ги заокружија деновите на прославувањето на нивниот патронен празник.

551661965 1566456907840469 4616825683870057898 n

Имено, централната приредба беше круна на прославата. На сцената продефилираа повеќе од тристотини ученици со подготвена драматизација, балетски точки, фолклорна група, хор, инструменталисти и најмалите со одлични кореографски точки кои ја испратија единствената порака за сите: „Во дигиталната ера-да ја зачуваме магијата на детството“.

566582866 1549818249381602 8853926650636244593 n

Во програма од скоро еден час, салата се исполни со детски искрени насмевки, ведри лица, силни ѕвонливи гласови и пораки за љубов, мир и среќа за секое дете.

Свое обраќање имаше и директорот на основното училиште, Никола Пискачев кој низ видеоматеријал премиерно ги претстави сите досегашни достигнувања, тргнувајќи од поставувањето на фотоволтаиците, до топлинските пумпи и најновото, енергетска фасада, со што училиштето оправдано го понесува епитетот модерно европско училиште.

551498028 792459866954475 8311493073482671766 n

Тој истакна: ООУ„Стив Наумов“ одамна е друга приказна - тоа е патоказ, стандард како треба да изгледа едно европско училиште каде се гради знаење, каде се поттикнува креативноста, каде се создаваат лидери. 
Со нашата визија, а со помош на општината и Владата, успешно ја имплементиравме технологијата, создавајќи инфраструктура која ги поддржува најновите образовни и животни стандарди. 
Да се создаде економски и енергетски одржливо училиште опремено со фотоволтаици, топлотни пумпи и последно енергетска фасада, е приказ за модерно, европско училиште, дизајнирано во согласност со највисоките енргетски стандарди кои не само што ја подобруваат енергетската ефикасност, туку и ја зајакнуваат нашата одговорност кон заштитата на животната средина. Заедно продолжуваме, тимот на наставници и ентузијазмот и мотивираноста на учениците, соработката на родителите и мојата лична посветеност, да се истакнеме како пример во државата, училиште кои ги следи светските текови и кое ќе биде инспирација за другите. Под светлоста на новите рефлектори нема да блеска само сликата на последниот успешен проект за нас, ами ќе блеска нашата мисија и напори следно да ја имаме и 
новата спортска сала и да го оправдаме епитетот на најмодерно и најуспешно место за образование. За нас нека зборуваат делата.“

566472045 1752166088634616 1137667504807620676 n

На свечената приредба и претходеа низа на настани како општински спортски натпревари во шах, мал фудбал, пинг-понг и одбојка.

Беа реализирани и литературен и ликовен конкурс со учество на творби од целата држава, а прогласувањето на победниците и пригодните награди им беа доделени во училиштето и истакнати на веб-страната како би можело да им се направи широка промоција на нивното творештво и талент. Посебно за истакнување е веќе традиционалната крводарителска акција во соработка со Црвениот крст, на која се вклучуваат вработените, родители и надворешни лица, со што од година во година се зголемува бројот на хумани и благородни лица подготвени да ја подарат најдрагоцената капка.
551498028 792459866954475 8311493073482671766 n
Деновите на прославувањето и оваа година вклучија низа на еколошки акции, како чистење на училишниот двор, хортикултурно уредување на дворот, но и оплеменување 
на ходниците и создавање на пријатна работна средина по мерка на секој ученик. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани