2win800x200

Фотоволтаици за уште три битолски училишта до крајот на учебната година

Октомври 29, 2025

ДО КРАЈОТ НА УЧЕБНАTA ГОДИНА ТРИ НОВИ БИТОЛСКИ УЧИЛИШТА ЌЕ ДОБИЈАТ ФОТОВОЛТАИЦИ

 
Општина Битола до крајот на учебната година ќе постави фотоволтаични системи на уште три згради на основните училишта во градот. Со оваа мерка, локалната самоуправа продолжува со активностите за зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во образовните установи.
 
Во текот на овие денови, се вршат теренски проверки на состојбата на покривите на училиштата, како и проценка на можностите за најсоодветна позиција за поставување на соларните панели.
 
По завршувањето на анализите и објавувањето на тендерските постапки, ќе следува и реализацијата, односно поставувањето на новите фотоволтаични соларни централи за производство на електрична енергија во три нови битолски училишта.
 
Со воведувањето на фотоволтаиците, се очекува училиштата да остварат значителни заштеди во трошоците за електрична енергија и да придонесат кон намалување на јаглеродните емисии во општината.
 
Во моментов, на 10 објекти на основни и средни училишта во општина Битола, се поставени сончеви панели. Кон крајот на 2023 година, на објектот на училиштето и градинката во населбата Долно Оризари беше поставена првата фотоволтаична електрична централа во училиштата, по што во 2024 беа поставени уште девет, од кои три на средни училишта и шест на основни училишта.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани