2win800x200

Хуманитарниот натпревар во чест на прерано починатиот Зоран Петковски ќе се одржи во спортската сала " Боро Чурлевски" во Битола

Октомври 29, 2025

Во чест на својот поранешен член, спортист и долгогодишен поддржувач на битолскиот спорт, Зоран Петковски – Петкото, клубот Пелистер Волеј ќе организира хуманитарен натпревар во рамките на 4. коло од Суперлигата. - Натпреварот ќе се одигра на 1 ноември во спортската сала "Боро Чурлевски" со почеток во 17 часот.  Менувањето на локацијата е поради големиот интерес на битолчани да присуствуваат на натпреварот, бидејќи средствата од продажбата на влезниците ќе бидат донарани на семејството на Петковски, како симболичен чин на почит и солидарност кон човекот кој остави длабока трага во спортскиот живот на градот.

Покрај средствата од влезниците, љубителите на спортот ќе имаат можност да придонесат и со доброволни донации, кои ќе се собираат на двата влеза од салата.

Со оваа иницијатива, Пелистер Волеј и спортската јавност на Битола уште еднаш потврдуваат дека спортот е повеќе од натпреварување — тоа е заедништво, човечност и срце. 

1000008345
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани