
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поради дефект на 110 КВ далновод, во моментот без електрична енергија е цел град Прилеп, потегот на селата кои гравитираат кон Битола и дел од селата во Општина Кавадарци, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Екипите на ЕВН веднаш се на терен и работат на отстранување на дефектот, а од ЦУК информираат дека се преземаат сите мерки за што побрзо враќање на електричната енергија во погодените населби. Граѓаните се повикуваат на трпение и да ги следат официјалните информации од ЦУК и ЕВН за текот на работите и очекуваното време на нормализирање на снабдувањето.
