2win800x200

Ликовниот уметник и педагог Панде Петровски е добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело што ја доделува градот Битола

Октомври 31, 2025

Ликовниот уметник и педагог Панде Петровски е добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело за 2025 година што ја доделува градот Битола. Ова е одлука на УУправниот одбор на Фонодот за наградата „4 Ноември“. Ликовниот уметник Панде Петровски остави голем белег како во битолската така и во македонската уметност. 

Роден е 1939 година во Брусник – Битола. Завршил Педагошка Aкадемија во Скопје, а во 1963 година со студиски престој во Италија. Има отворено над 25 самостојни, а учествувал и на околу 100 групни изложби во Македонија и странство. Учествувал и на дваесеттина меѓународни ликовни колонии во Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Романија. Повеќе пати е наградуван за афоризам и карикатура.

Член на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија), ДЛУБ (Друштво на ликовните уметници на Битола) и МНД (Македонско научно друштво – Битола).

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани