Советниците од Битола ги добија уверенијата за новиот мандат

Октомври 31, 2025

Денес беа врачени Уверенија за избрани советници во новиот Совет на општина Битола кој ќе одлучувс во наредните 4 години. Уверенијата беа врачени од страна на претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски.  ВМРО-ДПМНЕ Битола и коалицијата освоија 16 советнички мандати со вкупно освоени 16176 гласови - Филип Поповски, Бојан Бојкоски, Наташа Марковска, Илија Келепуровски, Марина Крстиќ, Александар Цветаноски, Мартин Ивановски, Кети Јосифовска, Александар Јаневски, Ангела Здравковска, Златко Лозановски, Александра Лазаревски, Љубе Никлески, Кире Ризески и Јована Спасеноска, Илче Кочишки.   

СДСМ и коалицијата освоија 5 советнички мандати со освоени 5386 гласови - Петар Николовски, Софија Ристевска-Петрушева, Јадранка Павловска, Драги Крстев и Александар Дракуловски.

Поинаку освоија четири советнички мандати со освоени 4148 гласови - Миле Трајковски, Снежана Василевска, Иван Чулакоски и Никола Гагоски. 

Левица освоија два мандати со освоени 2237 гласови- Горан велевски и Гаврил Трајковски 

ЛДП и коалицијата еден мандат  со освоени 1154 гласови - Димитар Кузамоновски 

ЗНАМ - Движење за Македонија еден мандат  со освоени 1357 гласови - Јагода Талевска 

Граѓанска Иницијатива ГРИН освои еден манадат со освоени 1041 глас - Стефан Тековски 

ДУИ освои еден мандат со освоени 1004- Валдета Мусаи Фејзуловска  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани