
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Секој обид да се зборува за значењето на една сама по себе антологиска изложба ќе биде блед обид да се долови значењето на истата. Пасијата со која Сашо Ставрев ги ,,следи и лови’’ ликовите на лауреатите, бројните актери , директори на фотографија, сниматели, продуценти, оскаровци присутни сите овие години на ИФФК ,,Браќа Манаки”претставува живопис на еден фестивал кој ни го донесе светот дома, а нас битолчани во светот на филмската магија…
Дека пасијата е наследна, тоа е повеќе од јасно и во оваа изложба каде тивко се провлекува раката на Петар Ставрев . Благодарност за настапот на деветгодишната Теона Димеска која што го разубави целиот настан со својот настап на виолончело заедно со својот учител Зисо Пуровски, како и до Гоце Стојановски директор на Државен архив одд. Битола за топлите зборови на отворањето на изложбата .
Истата е овозможена со Поддршка на Министерство за култура и туризам и е достапна наредните денови во Кристалната сала на Офицерски дом , КИЦ Битола. 
